Свет

ВИДЕО: Експлозија во Германија, граѓаните им е наредено да останат во затворен простор

Силна експлозија денеска се случи во германскиот град Леверкузен.

Според „Билд“, станува збор за експлозија во фабрика за преработка на отпад. Челниците веќе прогласиле тревога на ниво од „екстремна опасност“.

На жителите на градот им е наредено да ги затворат прозорците, на оние кои се надвор, да влезат во затворени простории, додека е затворен и главниот автопат кој минува низ овој град.

Во овој град се наоѓа една од најголемите фармацевтски фабрики „Баер“.

https://twitter.com/haverkamp_wiebe/status/1419950409226100736

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни