УНЕСКО ја впиша на списокот на светско наследство Сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, која се верува дека е стара 2.300 години.
Таа се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот од еден рид.
Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро познат сончев култ, односно на Инките.
Кулите тука со исклучителна точност ја обележуваат зимската и летната краткоденица, како и пролетната и есенската рамноденица.
И катедрала со манастир во Мексико беше вклучена во листата на светското наследство на УНЕСКО.
Комплексот го користеле првите францискански мисионери.
Комплексот е еден од многуте такви слични манастири на падините на вулканот Попокатепетл, веќе запишан на листата на УНЕСКО.
Зданието вклучува многу уникатни архитектонски елементи на Новиот Свет, комбинирани со шпанскиот стил „Мудехар”, којшто пак, има влијанија на исламската архитектура.