Свет

100 долари за вакцина – еве кој град започна да им плаќа на граѓаните

Од петок градот Њујорк ќе им плаќа по 100 долари на граѓаните што ќе ја примат првата доза од вакцината против ковид-19.

Ова го најави градоначалникот Бил де Блазио.

Неговата објава доаѓа само неколку дена откако објави дека Градот ќе побара од сите вработени во јавниот сектор, вклучително и наставници и полицајци, да бидат вакцинирани против корона вирусот до средината на септември, пренесува Ен-Би-Си.

Се проценува дека ова може да вклучува околу 340 000 вработени во јавната администрација на Њујорк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни