Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Скопје, оствари средба со еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев.
Вучиќ извести за средбата со екс фудбалерот на Вардар и Црвена ѕвезда на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија на својот официјален Инстаграм профил.
„Со македонската и југословенска легенда Дарко Панчев. Чест ми е што можев да се сретнам со големиот шампион“, напиша Вучиќ под заедничката фотографија.