Црногорската Влада препорачува трговците да ги ограничар маржите на мало до 15 отсто за сончогледово масло, бел шеќер и млеко, а до 18 отсто за јајца.
Како што јавува Радио-телевизија Црна Гора, владата ја усвоила информацијата за спроведената анализа на маржите на трговијата на мало за производите што претставуваат основни прехранбени производи во Црна Гора.
Анализата утврдила дека евидентен е трендот на раст на цените на основните производи за широка потрошувачка на пазарот, што, како што додаваат, е делумно условено од растот на цените на горивата на светскиот пазар.
Во соопштението стои: „Меѓутоа, зголемувањето на цените на основните прехранбени производи, како што се лебот, шеќерот, маслото за јадење, млекото и јајцата, не е само последица на зголемувањето на цените на горивата. Врз основа на анализата, може да се види дека просечните маржи за малопродажба се високи, со голема разлика помеѓу различните трговци, кои не се производ на сегашната криза на светскиот пазар на храна, како наследена од претходниот период“
Владата им наложи на трговците да ги приспособат своите маржи во моментот, со цел да избегнат евентуален инфлациски шок предизвикан од неконтролирано и неприродно зголемување на цените, што, како што велат, не е во ничиј интерес.