Свет

Јутјуб ја суспендира оваа телевизија – ширеле лажни вести за ковид-19

Познатата платформа за размена на видео снимки Јутјуб (YouTube) објави дека на една недела ќе го суспендира телевизискиот канал Скај њуз Австралија.

Од таму велат дека суспендирањето е поради лажни информации за ковид-19.

„Имаме јасна политика за лажните информации за Ковид-19… за да спречиме ширење на лажни информации за коронавирусот, кои можат да нанесат штета на светот“, се наведува во соопштението на ЈуТјуб.

Инаку, Скај њуз Австралија е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на ЈуТјуб има преку 1,86 милиони претплатници.

Интересно е што суспензијата следува откако телевизијата пред три дена на ЈуТјуб објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ја критикува власта за затворањето на Сиднеј.

Компанијата има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата.

Видео платформата ЈуТјуб е во сопственост на Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни