Сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната од 34 до 42 степена.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 38 степени.