Свет

Макрон за демонстрантите против вакцинација: Тоа се луѓе кои го изгубиле паметот

Претседателот Емануел Макрон вели дека демонстрантите кои протестираат на улиците против вакцинацијата се луѓе кои го загубиле разумот.

Откако демонстрантите против т.н. ковид-пасоши се судрија со полицијата во Париз на 31 јули, Макрон ги заостри критиките кон радикалните демонстранти кои протестираат против кампањата за вакцинација.

„Нема да попуштам пред нивното радикално насилство. Нивниот став е закана за демократијата. Измешаа сè и сешто“, изјавил Макрон во интервју за магазинот „Paris Match“, а пренесува Блумберг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни