Живот

Исплатени 121 милион долари за жртвите на Епстин

Фондот за надомест кон жртвите на сексуална злоупотреба на Џефри Епстин исплати 121 милиони долари, како компензација за 150 лица, објави Би-Би-Си.

Ова е објавено речиси две години по самоубиството на Епстин во затворот во Њујорк, додека се уште чекаше судење, а независниот менаџер на фондови, кој бил финансиран од средствата на Епстин, изјави дека добил двојно повеќе барања од очекуваното.

Неколку од жртвите ја одбија понудата, и го одбраа патот за приватни тужби.

По смртта на финансиерот, чуварите на неговиот имот формираа фонд од 600 милиони долари и ги повикаа жртвите да контактираат со нив, а од вкупно 225 луѓе, само за 150 било утврдено дека имаат легитимни барања.

Фондот беше отворен и за жртвите кои имале штета порано, кога Епстин во 2008 година беше осуден за злоупотреба на малолетници.

Поранешната девојка на Епстин, Гислејн Максвел се изјасни невина за соучество во злосторството, а нејзиното судење почнува во ноември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни