Македонија

Три активни пожари низ Македонија – критично кај Сарај и прилепско

Центарот за управување со кризи информираше за активните пожари до 11 часот. Според нивните информации, во моментов активни се три пожари низ Македонија.

Сарај Ораиовиќ, Буковиќ префрлен кон Јасен, се држи под контрола. На лице место се 20 припадници на Армијата, припадници вработени во Јасен, припадници на противпожарната единица како и хеликоптер на АРМ.

Општина Петровец има пожар со намален интензитет, на лице место се екипи на Караџица, месно население и противпожарни единици.

Гори и кај село Топлица, пожарот е со намален интензитет, но гори во близина на село Ракле. На лице место се припадници од ШС од Прилеп и противпожарни единици.

Кај Македонски брод и Пехчево и Берово пожарите се водат како локализирани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни