Македонија

Османи: Ние испорачуваме, време е ЕУ да испорача!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека направени се 100 придружувања кон Заедничката Надворешна и Безбедносна Политика на ЕУ за неполна година.

Со последното придружување Република Северна Македонија испорача 100 придружувања од септември минатата година.

Со тоа, стапката на придружување во посочениот период порасна на над 95% што е покачување од три процентни поени споредно со последниот извештај на Европската комисија кога изнесуваше 92%.

„Моја интенција е наскоро овој процент да достигне 100% како израз на нашата јасна надворешно политичка ориентација кон европските и евроатлантските структури. Ние испорачуваме, време е ЕУ да испорача!“, рече Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни