Голем скандал ја тресе Германија.
Имено, речиси 9.000 луѓе ќе треба повторно да примат вакцина против ковид-19, откако било откриено дека наместо таа вакцина, тие примиле физиолошки раствор.
„Тоа се вкупно 8.557 луѓе кои можеби не биле целосно или делумно заштитени со вакцинација, иако претпоставувале поинаку“, изјави гувернерот на округот Фрисланд, Свен Амбрози.
Локалните власти ги повикаа граѓаните кои биле вакцинирани во тој период, да се јават и да ја примат вистинската доза од вакцината, а за таа цел отворена е и телефонска линија за итни случаи.
Постои основано сомнение дека физиолошкиот раствор го дала медицинска сестра која била вработена во центарот за вакцинација, а подоцна било откриено дека „вакцината“ ја примиле лица над 70 години, кои дошле по нивната доза во период меѓу 5 март и 21 април.
„Бидејќи не знаеме точно колку од нив добиле обичен физиолошки раствор наместо вакцина, бидејќи зборуваме за период од седум недели, им понудивме на сите да ја повторат вакцинацијата“, велат од локалниот Кризен штаб.
Овој случај беше откриен на крајот на април, но се надлежните претпоставиле дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор, а во истрагата за овој случај се приклучи и специјалниот комесар за политички мотивирани злосторства, бидејќи осомничената медицинска сестра на социјалните мрежи сподели критички ставови за вакцинацијата.