Македонија

Трипати над дозволеното: Жена од ресенско возела 142 км/ч каде дозволено е 50 – полицијата ја приведе

Трипати над дозволеното: Жена од ресенско возела 142 км/ч каде дозволено е 50 – полицијата ја приведе

Жена од ресенско е лишена од слобода откако со автомобил „ауди“ возела со 142 километри на час на делница каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Прекршувањето било откриено при сообраќајна контрола со радар на регионалниот пат во близина на селото Рајца.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 19 октомври, во 14:30 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода 24-годишната Е.Н. од селото Подмочани.

При контролата било утврдено дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час, односно речиси трипати над дозволената брзина на тој дел од патот.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, по чии насоки возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против жената ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни