Македонија

Бројот на активни случаи се искачи над четири илјади

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека вчера се регистрирани 672 нови случаи со Ковид-19, од направени 6.770 тестирања.

Починале пет лица, а 35 пациенти се оздравени.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни