Податоците, објавени на порталот „Метео“ на Националната опсерваторија, велат дека долгиот период со високи температури и отсуството на силен ветер, резултирало со високи температури на површината на морето во повеќе делови на Грција.
Имено, во северниот дел на Егејското море во текот на вчерашниот ден биле измерени 29 и 30 степени, што е за два до четири степени повисока температурата од просечно измерената во периодот 2008-2018 година.
Слична била температурата и во Јонското море и јужно од островот Родос.