Македонија

Речиси 6.000 активни случаи во Македонија

Бројот на активни случаи секојдневно расте. Вчера, Министерството за здравство регистрираше нови 296 случаи од направени 3.480 тестирања.

Најголем број нови случаи вчера беа регистрирани во Скопје – 143 и Гостивар со 60.

Регистрирани беа 109 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 8 починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни