Пред два дена непознат крадец ограбил банка во Солун, а откако службеникот му дал околу 7.000 евра, крадецот избегал пешки.
Грчката полиција вели дека тој бил вооружан, но не го употребил оружјето, ниту пак се заканувал.
Крадецот само му предал пишана порака на банкарскиот службеник дека во тек е грабеж и да му ги предаде сите пари кои ги има.
Властите сѐ уште трагаат по сторителот.