Македонија

Редок феномен – денеска на небото ќе се појави „сина Месечина“

Вечерва сите ќе имаме можност да уживаме во природниот феномен, кој се случува отприлика секоја втора или трета година.

Секако, тука не станува збор за тоа дека Месечината сјае сино, туку за полната Месечина, кога нејзината орбита е поблиску до Земјата од вообичаеното, односно изгледа малку поголема и е за 30 проценти посветла од „обичната“ полна Месечина.

Во јавноста постојат верувања кои се поврзани за „сината Месечина“, а тие се дека кај некои лица се зголемува нивото на енергија, додека други може да бидат понервозни од вообичаено и да имаат проблеми со спиењето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни