Македонија

Над 11 илјади активни случаи во Македонија

Во Македонија моментално има над 11 илјади активни случаи на коронавирусот.

Министерството за здравство вчера информираше дека регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19.

367 пациенти се оздравени, додека пак 27 лица беа пријавени како починати.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни