Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради уличен дефект на ул.Џон Кенеди до зграда бр.28, без водоснабдување од 08:30 часот до санирање на дефектот ќе останат корисниците на повеќе улици.
Без вода ќе бидат корисниците од училиштето и градинката на ул.Џон Кенеди, потоа од ул.Џон Кенеди од Паштрик нагоре, ул.376, како и улиците Самоилова и Банатска, Американската и Турската амбасада.