Американската компанија „Амазон“ најави дека се отвораат нови 55 илјади работни места ширум светот.
Од таму велат дека вработувањата ќе бидат во секторите административни работи, роботика, истражување и инженерство.
Од нив речиси 40.000 работни места ќе бидат отворени во САД, 2.500 во Велика Британија, додека пак другите ќе бидат во Индија, Германија и во Јапонија.
Најверојатно голем број позиции ќе бидат наменети за новата програма за лансирање сателити на компанијата „Купер проџект” (Cooper Project), со цел проширување на пристапот до широкопојасната мрежа.
Амазон оваа година веќе вработи 10.000 луѓе во Обединетото Кралство, со што вкупно има 55.000 вработени