Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град.
Оваа вест ја соопшти вчера Министерството за развој на Далечниот исток, а ќе се вика Спутник.
Путин го потпишал овој план за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток.
Новиот град треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина.
Според плановите, се предвидува новиот град да стане индустриски центар во кој некогаш ќе живеат 300 илјади луѓе, а името на градот од руски превод значи „сателит”, кое пак е името на првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, што предизвика загриженост во САД, кои беа во „вселенска трка” со Советскиот Сојуз како дел од Студената војна.
Минатата година, Русија стана и првата земја која разви вакцина против Ковид-19, нарекувајќи ја Спутник В во чест на победата во вселенската трка.
Пред потпишувањето на договорот за изградба на нов град, министерот за одбрана Сергеј Шојгу се заложи за изградба на неколку нови градови во источниот дел на Сибир, за оддалечениот регион да стане попривлечен за руските жители.