Свет

Поради кршење на правилата за приватност – Ватсап ќе и исплати на Ирска милиони евра

Надзорникот за приватност на податоци од Ирска ја казни апликацијата Ватсап со сума од 225 милиони евра поради кршење на европските правила за приватност.

Оваа одлука беше објавена пред два дена, по официјалната истрага која траеше три години, а покрај казната на апликацијата и е наложено и да ја подобри својата политика за заштита на податоците.

Според Ватсап, оваа одлука е „целосно несразмерна“ и најави жалба.

Имено, ирските супервизори велат дека компанијата „сериозно“ ги прекршила прописите за транспарентност кои датираат од 2018 година, а во пресудата на 226 страници, комесарката Хелен Дикон наведува дека компанијата им обезбедила на своите корисници само 41 процент од потребните информации, со што им е одземена контролата врз содржината што ја споделуваат.

Прекршувањата зафатија голем број луѓе, поради што Ватсап е должен да плати рекордна сума пари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни