Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И натаму чекаме реакција од власта за Димитров и за Спасовски

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција до јавноста, прашуваат зошто власта и натаму молчи за зборовите „искомплецирана нација“ искажани од страна на министерот Димитров, како и за министерот Спасовски за цветањето на криминалот во земјата. Повторно опозицијата побара оставки од овие двајца министри.

„Власта тоне во својата бесрамна однароденост. Се уште нема никаква реакција од власта, нема одговори по тешките навреди, нема одговорност по се оно што го кажа министерот за надворешни работи, Никола Димитров за македонскиот народ. За Димитров македонскиот народ е искомплексиран. Па ако во македонското Собрание тој тоа го вели, како ли и дали воопшто ги брани македонските национални интереси надвор од земјава?

Нема реакција од власта ниту за Спасовски, министерот за прогон и терор, и по сите црнила на улиците и цветањето на криминалот низ државата. Нема одговорност, нема одговор ниту за било кое од барањата кои што ги упати ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт!

Почитувани, и денеска ќе ги повториме нашите барања, барањата на Коалицијата „За Подобра Македонија“, во насока да се стави крај на црнилата во кои што е завиена Република Македонија.

  • ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече „Искомплексирана“ нација.
  • ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара итна и неотповиклива оставка на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски.
  • ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.
  • Бараме веднаш да продолжи проектот за гасификација на Република Македонија, и тоа  од централно до општинско ниво.
  • ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара веднаш да се формира независно тело кое ќе се занимава црниот Вотергеј на Заев, прислушувањето на обвинители и сите судии.
  • Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ во име на Коалицијата и во име на слободната мисла и слободно изразената волја на народот, бараме почитувања на јасно изразената волја на народот на референдум.

Македонија е во прашање, придружете се утре, но и на протестите секоја следна среда во 17 часот, за што побрзо да го поразиме и СДСМ и Зоран Заев и црните политики наметнати со оваа црна власт за една намена“, рече портаролот Наум Стоилковски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни