Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска беше во посета на Струмица. Тој во посетата на зоната Сачево, изјави дека никаде не го гледа исполнето ветувањето од власта за изградба на 16 фабрики дадено пред изборите, и вработување на околу 2.500 жители.
„Од тука го продолжуваме сериалот на ветено – неисполнето од страна на СДСМ. Се наоѓаме во зоната Сачево и како што можете да видите тука зоната е празна, нема ниту една фабрика, и ниту едно ново вработување. Ова треба да биде пример дека граѓаните на Република Македонија не треба да ја дава довербата на политичари кои само ветуваат, а ништо не исполнуваат. Граѓаните наместо живот, за возврат добија пекол“, рече Мицкоски.