Еден жител на Австрија повеќе од една година ја криел, односно го чувал „мумифицираното“ тело на својата мајка во својот дом, со цел да и ја зема пензијата, се вели во полициските извештаи.
Од таму посочуваат дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала уште во месец јуни минатата година, но нејзиниот 66-годишен син го сместил нејзиното тело во подрумот од својот дом, а со помош на мраз и завои, како и песок успеал да го прикрие мирисот.
Според полицијата, се проценува дека на тој начин нелегално добил околу 50 илјади евра, а измамата била откриена откако поштенскиот работник, кој секој месец и ја испорачувал пензијата, бил избркан од домот откако побарал да ја види жената.
Тоа секако предизвикало истрага, а осомничениот ја признал својата вина.