Свет

Властите во Шведска не дозволиле родителите да го крстат својот син како рускиот претседател

Властите во Шведска отфрлиле барање на една брачна двојка која имала цел да го крсти својот син како и рускиот претседател – Владимир Путин.

„Дагенс Нихетер“ пренесува дека родителите мора да ги пријават имињата на новороденчињата во шведската даночна агенција, која одбила да го прифати името.

Според нивниот закон, имињата не смеат да бидат навредливи, да претставуваат закана за сопственикот или јасно да наликуваат на презимиња.

Како што забележува и весникот, не е јасно кој од овие принципи стои во основата на одлуката на даночниот орган, но во исто време, и ова не е прв случај во кој агенцијата одбила вакво барање.

Меѓу другите имиња кои не беа дозволени за новороденчиња во Шведска, се Форд, Алах, Пилснер и К.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни