„Тајм аут“ го објави својот список на најдобри градови во светот за 2021 година. Листата е врз основа на мислењето на 27.000 анкетирани жители на поголемите светски градови.
При истражувањето, во предвид се земени ноќниот живот, рестораните и културните настани, како и чувството на заедница во градовите, што според написот, е особено важно при пандемијава.
Испитувањето ги вклучува и еко-иницијативите, посветеноста на активизмот во градот и општата љубезност и гостопримливост на граѓаните.
Еве кои се 10-те најдобри градови во светот:
1. Сан Франциско, Калифорнија, САД,
2. Амстердам, Холандија,
3. Манчестер, Англија, Обединетото Кралство,
4. Копенхаген, Данска,
5. Њујорк, САД,
6. Монтреал, Канада,
7. Прага, Чешка,
8. Тел Авив, Израел,
9. Порто, Португалија,
10. Токио, Јапонија.