Свет

Орангутани тестирани за коронавирус во Малезија – сите се негативни

Властите во Малезија објавија дека десетици високо загрозени орангутани биле тестирани на коронавирус.

Тестовите биле спроведени минатиот вторник врз 30 примати од островот Борнео и сите се негативни.

Според организациите кои работат со дивиот свет, ова се први тестови на орангутани во оваа земја во Југоисточна Азија, а истите биле извршени откако вработените во паркот за диви животни испаднале позитивни на вирусот.

Ветеринарите внимателно ќе ги следат мајмуните и ќе продолжат со тестови. Зоолошката градина во Атланта викендов објави дека неколку од горилите што живеат таму, биле позитивни. Имаше и неколку познати случаи со мачки, кучиња и најмалку еден пор, кои исто така, биле заразени со коронавирус.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни