Во социјалните мрежи е објавена фотографија на лице кое личи на екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е во бегство.
Лицето е сликано пред туристички пулт, кој е за вадање автобуски билет за шетање по градот на Будимпешта познат како Hop on, Hop off.
ТВ21 контактираше со Никола Груевски преку неговиот Фејсбук профил, но досега не ни одговори за да ја потврди или за да ја негира веста. Не се знае дали станува збор за автентична фотографија, но ТВ21 испрати прашање до надлежните во врска со ова.