Ќе преовладува стабилно и топло време. Од петок ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.
Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.
Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.