Свет

Холанѓаните порано беа прогласени за највисоки луѓе на светот, но сега се малку пониски

Иако Холанѓаните важат за највисоки луѓе на светот, сепак тие почнале да стануваат пониски, односно генерацијата родена во 2001 година е пониска од онаа родена во 1980 година, велат од Националниот завод за статистика.

Па така, Холанѓанин од 19 години сега е просечно висок околу 182,9 сантиметри, додека пак маж роден во 1980 година е во просек висок околу 183,9 сантиметри.

Жените пак од 19 години сега се просечно високи околу 169,3 сантиметри, додека пак оние родени 1980 година се 170,7 сантиметри.

Една студија покажува дека на ова влијаат разни фактори, а една од нив, која е и најголема, е миграцијата и начинот на исхрана. Но сепак, и натаму Холанѓаните остануваат највисоки на светот.

По нив следуваат граѓаните на Црна Гора, Естонија и БиХ.

Кај жените, исто така Холанѓанките се највисоки, а следуваат жените од Црна Гора, па од Данска и Исланд.

Најниски мажи се од Источен Тимор, а најниски жени од Гватемала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни