Според индексот објавен од лондонската Economist Inteligence Unit (ЕИУ) како најбезбеден град во светот се смета Копенхаген.
Индексот рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена од оваа година.
Овој град за прв пат е прогласен за безбеден град и тоа постигнувајќи 82,4 поени од вкупно 100.
„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, изјави Ларс Вајс, градоначалник на Копенхаген.
Тој вели дека Копенхаген, исто така, се карактеризира и со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството.
„Тоа е мешан град, каде и асистентот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште“, додава тој.
На второто место се наоѓа Торонто кој освои 82,2, додека пак на трето место се наоѓа Сингапур со 80,7 поенти.
На четврто место со 80,1 поени се наоѓа Сиднеј, кој патем се наоѓа на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека пак на петто место се наоѓа Токио со 80 поени.
Амстердам е шести по ред, а Велингтон од Нов Зеланд е на седмо место. Мелбурн се наоѓа на осмото место, додека пак шведската престолнина Стокхолм е на десетто место.
На дното на листата се Лагос, Каиро, Каракас, Карачи и Јангон.