Свет

ФОТО: Ова се најстарите близначки во светот

Две сестри со потекло од Јапонија се највозрасните идентични близначки во светот.

Тие имаат точно 107 години и 351 ден, се вели во Гинисовата книга на рекорди.

Двете сестри Умено Сумијама и Куме Кодама се родени на 5 ноември 1913 година, на островот Шодошима во западна Јапонија, како трето и четврто дете од вкупно 11 деца.

Според соопштението од Гинисовата книга, овој септември, сестрите го соборија претходниот рекорд од 107 години и 175 дена, кој беше поставен од популарните близначки Кин Нарита и Гин Кание

Министерството за здравство на Јапонија вели дека околу 29 отсто од 125 милиони жители имаат 65 години или повеќе, што ја чини оваа држава – нација со најбрзо стареење.

Околу 86.510 од нив пак се стогодишници, односно половина од нив оваа година наполниле 100 години.

Инаку, сестрите во минатото се разделиле по завршување на основното училиште, кога едната од нив Куме била испратена да работи како слугинка во Оита, во јужниот јапонски остров Кјушу, каде подоцна се омажила, додека пак другата сестра Умено останала каде што пораснала и си создала семејство.

Зафатени со сопствениот живот со десетлетија, сестрите ретко се гледале, сѐ до 70 -годишна возраст, а денес живеат во одделни домови за стари лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни