Последната дебата помеѓу лидерите на најголемите албански политички партии е одржана пред 15 години. Поточно речено, последен пат се соочиле Арбен Џафери како претседател на ДПА и Али Ахмети како претседател на ДУИ во далечната 2006-та година, објави ТВ21.
Од тогаш па наваму немало соочување помеѓу лидерите на албанските партии. Зијадин Села прифати дебата, се чека потврда на Али Ахмети.
Првиот човек на интегративците честопати велеше дека е подготвен за дебата, но даде услов албанската опозиција да избере еден претставник. Пред четири месеци, Али Ахмети во „Клик Плус“ вети дека ќе излезе на дебата со Зијадин Села доколку опозицијата го избере својот претставник.
Потсетуваме лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 која се емитуваше в понеделник, уште еднаш потврди дека е подготвен за дебата со неговиот опонент Али Ахмети.