Состојбата со Ковид-19 во Детската болница Козле е стабилна, уверува директорот Бесник Зеќири. Како што вели, во моментов во нивните болнички капацитети се лекуваат 19 деца заразени од коронавирус.
Најмладиот хоспитализиран пациент има само 4 недели, а највозрасниот е на 16 годишна возраст.
Четири деца се на кислородна поддршка. Зеќири ги повика родителите да се вакцинираат, со цел да се спречи пренесувањето на вирусот кај децата.