Претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Денес времето ќе биде значително посвежо со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.