Македонија

Трамп ја тужи својата внука поради напис од 2018 година

Екс американскиот претседател Доналд Трамп ја тужи својата внука, како и весникот „Њујорк тајмс“ поради фамозен напис од 2018 година, во кој се вели дека Трамп е вмешан во сомнителни даночни шеми, објави Би–Би–Си.

Во поднесена тужба се вели дека Мери Трамп и новинарите се обвинети за вмешаност во подмолна завера за добивање на доверливи документи, а се наведува и дека 56-годишната Мери Трамп го прекршила својот договор за спогодба со кој и се забранува да открива документи.

Инаку, таа беше потпишана како извор на приказната во мемоарите објавени во 2020 година – „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“.

Од друга страна пак, Доналд упорно ги отфрла тврдењата во книгата и се обиде да го спречи нејзиното објавување, но без успех.

Мери Трамп, ќерка на постариот брат на Доналд Трамп, Фред Трамп, кој почина во 1981 година на 42–годишна возраст, се уште не ја искоментира тужбата. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни