Денеска не очекува саботен боксерски спектакл во Лондон и тоа меѓу светскиот првак, 31-годишниот Британец Ентони Џошуа и предизвикувачот Украинецот Олександр Усик.
Џошуа против предизвикувачот ќе ги брани титулите во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO, а борбата ќе биде на стадионот „Хотспар“.
Британецот Џошуа го освои златниот медал во супертешка категорија на Олимпијадата во Лондон 2012, додека пак Украинецот на Игрите се закити со златен медал во тешка категорија.
Украинецот Усик влегува во рингот против Џошуа со ефект од 18 професионални победи во исто толку настапи, од кои 13 со нокаут. Меѓу Џошуа и Усик постои длабоко меѓусебно почитување, поради што прес-конференција во Лондон помина без вообичаеното лажно непријателство.