Свет

Претседателот на Јужна Кореја порача: Има потреба да се забрани потрошувачката на кучешко месо

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин посочи дека има потреба да се забрани потрошуваќката на месо од куче, со тоа што расте свеста за правата на животните во оваа земја.

Иако не е како порано, но ова месо најчесто и се уште го јадат постарите лица.

Претседателот вели дека премиерот Ким Бук-кум го информирал за напорите во врска со подобрувањето на третманот на напуштените животни и задолжителниот систем за регистрација на кучиња.

„По брифингот, тој рече дека е време внимателно да се разгледа воведувањето на забраната за потрошувачка на кучешко месо“, вели портпаролката на Мун.

Инаку, ова е прв пат токму претседателот да разговара за овој вид забрана, што најверојатно ќе даде нов поттик на дебатата за тоа дали да се стави крај на јадењето на ова место во земјата.

Здружението на сточари, исто така, ја повика државата да ги затвори рестораните и пазарите кои го продаваат ова месо.

Истражување спроведено од здружението за заштита на животните „Свест“, објавено овој месец, покажа дека 78 отсто од испитаниците веруваат дека продажбата на месо од кучиња и мачки треба да се забрани, а 49 отсто ја поддржале забраната за јадење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни