Актуелната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ Наташа Петровска вечерва не се појави на стартот на изборната кампања на митингот на СДСМ во Битола, каде беше присутно целото раководство на партијата, но и сите градоначалници.
Ова следува, откако СДСМ не и даде шанса на Петровска за втор мандат, иако Заев пред изборите велеше дека таа е најдобриот избор за Битола, а ја вбројуваше и во кандидатите кои исполните најмногу од својата програма.
Петровска вечерва не се појави на митингот со кој СДСМ и официјално ја започна изборната кампања.