Свет

Трамп го сака Орбан на чело на ОН

Трамп го сака Орбан на чело на ОН

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста унгарскиот премиер Виктор Орбан да биде заеднички кандидат на Соединетите Американски Држави, Русија и Кина за генерален секретар на Обединетите нации, објави денеска „Волстрит џурнал“.

Според пишувањето на весникот, американски претставници контактирале со Орбан за да проверат дали е заинтересиран да се кандидира за наследник на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, чиј мандат истекува на 31 декември оваа година.

Наводно, американските претставници за време на разговорите со руските и кинеските колеги ја изнеле можноста за кандидатура на политичар како Орбан. Извори од трите земји навеле дека Москва и Пекинг позитивно реагирале на предлогот.

Претставници на американскиот Стејт департмент оцениле дека Орбан е кандидат близок до конзервативното движење МАГА, посочувајќи ги неговите ставови за имиграцијата и противењето на воспоставените меѓународни бирократски институции.

Еден претставник на Стејт департментот изјавил дека, според проценките на американската администрација, Орбан би можел да ја добие поддршката од осум од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН, додека бројот на држави што би гласале за него би можел да достигне десет.

Орбан засега јавно не се изјаснил за можната кандидатура, наведува весникот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни