Корисник на Твитер објави видео од извештајот на Фокс њуз во кое водителката чита изјави на некои политичари околу за лицата од Авганистан откако Талибанците ја преземаа власта таму, а коментарот на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ стана хит.
За потсетување, на новинарско прашање во август дали Хрватска треба да прифати луѓе од Авганистан, претседателот Милановиќ рече дека мисли дека тие треба да одат во најголемите земји.
„Сите тие треба да го најдат своето место во САД “, рече меѓу другото тогаш Милановиќ.
Naš Zoki! ❤️ pic.twitter.com/PxNPXmwpYF
— svornjak (@svornjak) September 21, 2021
Токму неговата изјава ја следеше и водителката.
„Францускиот претседател Макрон рече дека Франција треба да се заштити од мигрантите. Австрискиот министер за внатрешни работи вели дека нема причина зошто Авганистанците сега би дошле во Австрија. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека сите тие треба да го најдат своето место во Америка“, истакна водителката и додаде „Благодарам, Зоран“.