Македонија

Еве какво време не очекува во наредните денови

Утре ќе биде променливо облачно и свежо со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Минимална температура ќе се движи од 6°C до 13°C, додека пак максимална температура од 15°C до 21°C.

Од утре следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни