Турите ќе започнат во петок од 18:00 до 20:00 часот, а сабота и недела ќе има повеќе тури во двa термини, од 13:00-15:00 и од 18:00 до 20:00.
Поради големата заинтересираност и посетеност, секој од вас кој би сакал да ги посети турите, и останатите содржини како појадок во недела со Дедо Мраз од 11:00 часот и работилницте и претставите од 11:45, ќе мора задолжително да се пријави на пултовите од новогодишниот свет на бајките во Скопје Сити Мол.
Радост, смеа и возбуда можеа да се забележат на детските ликови, кој за прв пат визуелно прошетаа низ најомилените приказни. Особена возбуда донесе магичниот килим кој ги однесе во светот на Аладин, но тука беа и Пепелашка во својата кочија, слонот од 1001 ноќ како и вештерките од Ивица и Марица кој донесоа посебна возбуда во детските срца. Се разбира според ветеното, а и во духот на предновогодишната магија беше појадокот со Дедо Мраз, кој ги слушна и ги запиша желбите за подароци.
Среќни, насмеани и возбудени што оваа година ќе им донесе Дедо Мраз, за дечињата заврши првиот викенд во Новогодишниот свет на бајките во Скопје Сити Мол, со ветување на уште еден незаборавен детски забавен викенд кој ве очекува.