Нестабилна временска состојба е регистрирана во повеќе делови од земјата, а според најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, временските неприлики се проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР информираат дека во планинските предели е забележана поизразена нестабилност, која се движи во правец север-северозапад кон југ-југоисток. На одделни места е регистрирана и појава на град.
Во околината на Демир Хисар во моментов има нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Слична временска состојба е регистрирана и во Битолскиот регион. Радарските и теренските мерења покажуваат присуство на пороен дожд, грмежи и засилен ветер и во овој дел од земјата.
Од УХМР продолжуваат да ја следат состојбата и движењето на нестабилните облачни маси.