Македонија

19 пожари на отворено во последното деноноќие, активни се 10

19 пожари на отворено во последното деноноќие, активни се 10

Десет пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, покажуваат најновите податоци на Центарот за управување со кризи. До 18 часот денеска се регистрирани вкупно 19 пожари, од кои осум се изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Активни пожари се регистрирани на повеќе локации во државата.

Во Општина Велес, пожарот е кај Кула, зад базата на ЈП „Македонија Пат“. Во Бутел гори кај потегот Раштак – Љуботен, каде е зафатено ѓубре, додека во Гази Баба, кај село Идризово, гори ниска вегетација.

Пожар е активен и во село Велмеј, Охридско, каде гори ниска вегетација, како и на депонијата Мелци во Кавадарци, каде е зафатено ѓубре.

Во Општина Росоман, кај село Рибарци, гори ниска вегетација, додека пожар е регистриран и во село Черкезе, Кумановско.

На подрачјето на Општина Липково активни се два пожари – кај село Гошинце, каде гори ниска вегетација, и кај село Ваксинце, каде се зафатени стрниште и ниска вегетација.

Активен пожар има и во село Димонци, Кратовско, каде гори ниска вегетација и драки.

Под контрола е пожарот што избувнал во село Белица, на местото Кајорец, во Општина Македонски Брод, а потоа се проширил кон Јасен, на територијата на Општина Сопиште. Таму е зафатена нискостеблеста и мешана шума.

Во текот на денот се изгаснати вкупно осум пожари. Меѓу нив се пожарите кај Раштански пат во Бутел, кај полициската станица на влезот во Штип, во село Драгобрашта во Виница, како и пожарите во неколку локации во Кумановско.

Изгаснати се и пожарите кај село Димонци – село Коњух и село Руѓинце, како и пожарите во село Стримница, Општина Желино, и село Врапчиште.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни