Македонија

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд претежно во источните делови, а попладне со подолги сончеви периоди.

Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж пошироко Повардарието повремено ќе биде силен. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер, претпладне со краткотраен дожд, а попладне со сончеви периоди.

Во текот на ноќта кон четврток од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни. Пообилни врнежи ќе има и во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни