Македонија

Обвинителството нема доволно пари, борбата против корупцијата „статус кво“

Веќе 9 месеци Македонија е без државна комисија за спречување корупција. Новиот закон за спречување корупција сега е во собраниска процедура а министерката за правда, Дескоска, очекува многу брзо да се закаже седница за расправа за законот, за кој рече дека добил позитивни критики од европски експерти.

Македонија има добри закони за борба против корупцијата, но институциите никако да започната со ефикасна работа, смета раководителката на Транспаренси Интернешнал, Слаѓана Тасева, Странските извештаи упатуваат позитивни коментари за законите и за антикорупциските институции, но нивното често менување е причина земјата да биде во состојба статус кво.

Државната комисија за антикорупција како и Јавното обвинителство се клучни точки во борбата со корупцијата, но тие треба да имаат професионален интегритет и непартиски вработувања, рече Тасева. Но токму обвинителството кое треба да војува со корупцијата и организираниот криминал, нема доволно пари, се жали обвинителката Вилма Рускоска.

Рускоска додава дека финансиската состојба е лоша, и дека им се потребни доволно финансиски средства за вештачења и преводи. Според неа, Републичкото обвинителство побарало финансиска поддршка од Владата и се уште чекаат одговор.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни