Македонија

Груевски „фатен“ во Унгарија, без маки води живот на јавна фаца

„Здраво г. Груевски. Јас сум Барди Балинт од унгарскиот весник 24.hu. Како излеговте од Македонија? Дали ви помогнаа Унгарците? Г. Груевски, дали ви помогнаа Унгарците?“

Унгарскиот новинар денеска Груевски го нашол во ресторант во Будимпешта. Иако новинарот беше напорен за да дознае дали му помагале Унгарците за да избега, но како одговор доби само трескање на вратата на автомобил од марка „Волсфаген Шаран“.

Како што пишува порталот “24.hu“, Никола Груевски е емигрант кој без никакви маки води живот на јавна личност во Унгарија, објаснувајќи дека ресторанот  во кој екс-премиерот е виден со двајца мажи, е скап ресторант.

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека ја видела ова фотографија. Таа не даде детали за пред-истражата постапка но рече дека се уште се собираат материјали.

Министерката за правда рече дека се уште не добила никаков одговор од унгарските власти за барањето на Македонија за екстрадиција на Груевски. Меѓутоа, се уште не се пробиени роковите за екстрадиција, рече Дескоска, додавајќи дека треба да се чека уште некое време, и потоа да испратат ургенција.

Според тоа што досега е познато, Груевски ја напуштил Македонија на 11 ноември. Државите по кои тој се движел се Албанија, Црна Гора, Србија и на крај Унгарија, каде и добил азил. Портпаролот на унгарската власт, Злотан Ковач, денеска изјави дека на Груевски му е даден азил во согласност со сите меѓународни права.

За неколку дена ќе се биде еден месец од бегството, меѓутоа МВР се уште не излезе со извештај за тоа како избега екс премиерот, кој треба да одлежи казна затвор од две години.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни